Македонија
8. September 2018 - 12:28

Свадба вчера во Тафталиџе запечатена со три куршуми

Вчера во 14,30 часот било пријавено дека од правец на улица „Лондонска“ со булевар „Партизански одреди“ се слушало пукање од огнено оружје.

По излегување на местото на настанот е констатирано дека се работи за семејна веселба-свадба, а Д.А.(29) од гасен пиштол испукал три куршуми.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.