Џет-Сет
23. March 2017 - 19:29

Сузана Манчиќ во шок: Ќерката тајно се омажи, без да и се јави

Теодора Куниќ (23), ќерката на Сузана Манчиќ (60) се омажила во тајност во Лас Вегас за 20 години постар бизнисмен, дознава српски Курир.

Наследничката на лото девојката и Небојша Куниќ, тапанарот во Седморица млади, вниманието го привлече пред две години, кога обелодени дека е во врска со значително постар маж.

Сузи не можела ниту да претпостави дека Теодора ќе организира венчавка далеку од Србија и дека тоа никому нема да го јави. Дури кога завршила церемонијата, ќерката и се јавила дека се омажила, што ја шокирало.

-На Сузана и беше жал што не била на венчавката на својата ќерка, а посебно и било криво што не ни знаела дека Теодора ќе се мажи. Меѓутоа таа веднаш објаснила дека тие двајца по венчавката во Америка ќе направат голема свадба во Белград, вели изворот.

Теодора и богатиот бизнисмен се вери во окторври 2015 година на патувањето во Виена. Манчиќ тогаш восхитено изјави дека едвај ќека да стане баба.

-Доста емотивно реагирав, тоа е моето првенче, гордост мајкина. Додека е добар зетот за неа, ќе биде добар и за мене. Тој е американски државјанин, има бизнис и моментално бираат место во Европа каде ќе се одомат. Едвај чекам да станам баба, рече тогаш лото девојката.