Свет
28. March 2018 - 21:07

Суспендираниот шеф на Кембриџ аналитика ќе сведочи во британскиот Парламент

Суспендираниот извршен директор на фирмата за политички консултантски услуги Кембриџ аналитика, Александер Никс ќе сведочи пред Комитет за култура, медиуми и спорт во британскиот Парламент.

Претставници на законодавните власти во САД и Европа сакаат да дознаат повеќе за праксата на Фејсбук за заштитата на приватноста откако беше објавено дека Кембриџ аналитика имала пристап до податоци на несоодветен начин за да влијае врз изборите во САД во 2016 година и исходот од референдумот за Брегзит.

Тоа ќе биде второ појавување на Никс пред тој Комитет и веројатно ќе биде на 17 април.