Фудбал
9. November 2016 - 18:15

Суспендиран грчкиот фудбал, запалена куќата на претседателот на судиите

Фудбалското првенство на Грција е суспендирано на неопределено време, откако непознати сторители ја запалиле куќата на претседателот на судиската комисија Јоргос Бикас.
 
Фудбалскиот сојуз на Грција за оваа своја одлука ги известил УЕФА и ФИФА, а надлежните се сомневаат дека куќата на Бикас, на Халкидики, ја уништила фудбалската мафија.
 
Челниците на Фудбалскиот сојуз не одговориле на прашањето кога шампионатот ќе продолжи.
 
Минатата година, поради зачестените тепачки на стадионите, грчката Влада, го суспендира првенството на две недели.