Свет
4. February 2019 - 21:52

Суровата судбина на саудиските жени: Се обиде да побегне и да земе азил, а вујковците ја врзаа како стока и ја пикнаа назад во авион, сега и се губи секаква трага

Саудиската девојка која побегна од земјата и сакаше да побара азил во Австралија насилно е грабната и вратена во земјата откога и се губи секаква трага.

Дина Али Ласлум, тогаш 24-годишна, не е сослушана зошто филипинските органи ја запреа и нејзиниот пасош и документите и се запленети во текот на транзитот од аеродромот во Манила на пат за Австралија во април 2017 година.

Таа бараше помош преку социјалните мрежи, но на крајот, вујковците, и покрај нејзиното врескање и опирање, ја присилија да се врати во авионот. „Ја совладаа со сила. И ја затворија устата. И ги врзаа рацете и нозете, ја влечеа во авионот и и викаа, а никој ништо не направи“, изјави американската активистка Мона Елтахави.

Саудиската амбасада во Манила тогаш даде изјава, нарекувајќи го случајот семејна работа и рече дека Дина Али се вратила со роднините во својата татковина.

Според истражувачот на Хјуман Рајтс Војч за Блискиот Исток, Адам Кугл, одведена е во засолниште за жени во Ријад, каде е држена некое време. Таа е една од многуте саудски девојки кои се обиделе да побегнат од земјата заради подобар живот, но не успеале.

Прашањето на родниот апартхејд со кој се соочуваат жените во Саудски Арабија го привлече вниманието на светската јавност во јануари, кога 18-годишната Рахаф Мухамед ал Кунан побегна во Бангкок и се забарикадираше во хотлеска соба на аеродромот.

На краот доби азил во Канада, каде сега ужива во својата нова слобода.

Но Али Ал Кунане е една од среќните.

Најмалку две млади жени од Саудиска Арабија, кои стигнале на аеродромот во Сиднеј изминатите две години, се вратени откако изјавиле дека бараат азил од австралијанските власти, наведува Фор Корнерс.

Австралискиот министер за емиграција Дејвид Колман одби интервју и рече за Еј Би Си каналот дека владата нема да коментира поединечни случаи.

„Ќе речам само дека прашањето за третманот на жените во Саудиска Арабија е загрижувачки“, рече тој.

Во меѓувреме, Елтахави вети дека ќе ја продолжи борбата за права на саудиските жени. „Дина Али Ласлум и саудиските жени кои се обидоа да побегнат, но се присилно вратени: ве паметиме. Жал ми е што ве изневеривме, но се колнам дека и натаму ќе зборуваме за родниот апартхејд додека саудиските жени не можат слободно и достоинствено да живеат во својата земја“, изјави таа.