Балкан
25. February 2019 - 21:57

Суровата албанска мафија ја руши цената на дрогата во Британија: Кокаинот се поевтин, наркомани се повеќе, го презедоа подземјето, страв владее во Лондон

Албанската мафија ја презеде контролата над пазарот со кокаин во Велика Британија чија вредност се проценува на пет милјарди фунти.

Таа мафија полека го презеде пазарот во Британија, откако голем број Албанци се преселија во Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990 година, пишува британски Мирор.

Како што се наведува, сега „застрашувачки криминалци“ го контролираат речиси целиот пазар во Велика Британија, со кокаинот кој е најевтин од 1990 година и најчист во последните 10 години.

До преземање на пазарот дојде така што албанската мафија ги отфрлила посредниците и почнала директно да комуницира со комубиските картели, што овозможило пониски цени и поголема чистота на кокаинот на пазарот.

Заради тоа сега Велика Британија се соочува со најголем број на млади корисници на кокаин во Европа.

Мирор наведува дека еден мал запчаник во тоа царство, е и главниот збор го води озлогласената банда Хелбанианс која владее со источниот дел на Лондон.

Оваа банда дури има и свој Инстаграм налог на кој има 115.000 следбеници, а кој е затворен во ноември минатата година.

Портпаролот на Националната агенција за криминал рече за весникот дека албанските криминални групи имаат големо влијание на останатите криминални организации во Велика Британија и пристап до пазарот со наркотиции, пред се кокаин, а поврзани се тесно со групи преку кои перат пари и тргуваат со луѓе.