Свет
14. March 2019 - 16:18

Сурова ликвидација на мафијашки бос во Њујорк: Френки бој изрешетан, а потоа прегазен со автомобил

Бос од мафијашкото семејство Гамбино, Франческо Кали, познат како Френки бој,  е убиен пред својата куќа на Стејтен Ајленд.

Во Кали (53) се испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот го прегазил со возило.

Семејството Гамбино е едно од петте главни италијанско - американски мафијашки семејства во Њујорк. За сега не се знае кој стои зад оваа ликвидација, а истрагата е во тек.

Кали многу не се појавуваше во јавност, водел повлечен живот. Заслужен е за регрутирање на нови членови, посебно имигрантски гангстери од Италија. Биле фокусирани на трговија со хероин и оксиконтин.

Во 2008 година одлежал затворска казна од 16 месеци поради изнудување на пари.

Кали е по потекло од Сицилија и бил поврзан со тамошната мафија. Со ова стана највисоко позициониран мафијаш кој е убиен во Њујорк уште од 1985 година кога е ликвидиран Пол Кастелано.