-->
-->
Суперталентот Жижиќ во Дарушафака
-->
Суперталентираниот хрватски центар Анте Жижиќ и официјално стана член на евролигашот Дарушфака, кого од клупата го предводи Дејвид Блат.
Анте Жижиќ има 19 години, висок е 210 сантиметри, а оваа сезона блеска во АБА лигата со просечни 20 поени и 9,2 скокови.
Според стручњаците, Жижиќ е најдобриот центар во светот, во неговата генерација, а според шпекулациите Бостон е сериозно заинтересиран во иднина да го види во своите редови.
Инаку, трансферот на Жижиќ е договорен во понеделникот, кога играчот буквално бил изваден од авионот со кој играчите на Цибона отпатуваа во Бар на меч од АБА лигата.
Неофицијално Цибона од трансферот ќе добие еден милион евра.
Поради заминувањето на Жижиќ оставка на функцијата си поднесе претседателот на клубот Ацо Петровиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дилер од кумановско
-
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков пренесен во приватна болница во Скопје
-
Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата
-
Филипче: Ситуацијата е сериозна, има благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите
-
Снежно невреме во Хрватска
-
Судот одреди 30 дневен притвор за Мијалков
-
И АА и Алтернатива најавија повлекување на амандманите
-
Мисајловски: Нема тендер што не е наместен, со државата владее мафија