Балкан
8. јуни 2016 - 19:18

Супермаркетите во Романија задолжително ќе мора да продаваат 51 отсто домашни продукти

Долниот дом на романскиот парламент одобри закон со кој 51 отсто од прехранбените продукти во супермаркетите и хипермаркетите да бидат од романско потекло.

Законот беше прифатен со 293 гласа „за“ и ниту еден против.

Пратеникот Марин Антон иницијатор на законот вели дека романските производители и потрошувачите ќе имаат корист од тој нормативен акт. Законот беше критикуван од здруженијата на сопственици на супермаркети и хипермаркети и беше одлаган за гласање во неколку наврати.