-->
-->
Супер вест - поевтинуваат горивата
-->
Откако Саудиска Арабија го зголеми производството за сурова нафта, цената на светските берзи секојдневно паѓа.
Во текот на вчерашниот ден, барел сурова нафта на берзата во Лондон се продаваше по просечна цена од 50,6 долари за еден барел.
Тоа е намалување за 1,5% во однос на претходниот ден.
Споредено со цената врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги определи малопродажните цени претходниот понеделник, актуелната е пониска за скоро 5 долари.
При последната корекција, поради поскапување на нафтата на светските берзи за помалку од половина долар по барел, бензините поскапеа за половина денар а дизелот за 1,5 денари.
Сега, намалувањето на цените за околу 5 долари по барел извесно е дека ќе донесат позначително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Доколку нема посериозни промени на цените, за очекување е поевтинувањето да биде меѓу 2 и 2,5 денари по литар.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 67 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 а ЕУРОДИЗЕЛ за 54 денари за еден литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор