Ракомет
30. September 2015 - 9:01

Супер лига: Работнички гостува во Автокоманда

Со натпреварот меѓу Металург и Работнички што се игра попладнево во салата „Автокоманда“ ќе биде комплетирано второто коло од ракометната Супер лига. Двата тима остварија победи во првото коло, а дуелот се очекува да биде неизвесен од причина што неколку поранешни играчи на Металург, сега го носат дресот на Работнички. Почетокот на дуелот е во 18 часот.
 
Резултати на досега одиграните натпревари:
Радовиш – Вардар Јуниор 24:23,
Металург 2 – Охрид 20:29,
Пелистер – Пролет 30:21,
Борец – Прилеп 25:20.
 
Табела: Борец 6 бодови, Металург 3, Работнички 3, Пелистер 3, Охрид 3, Прилеп 3, Радовиш 3, Пролет 3, Металург 2 0, Вардар Јуниор 0.