Ракомет
8. October 2015 - 8:52

Супер лига: Одиграни четири натпревари од 4.коло

Ракометните суперлигаши синоќа одиграа четири дуели од 4.коло, кое ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот меѓу Радовиш и Охрид. Во дербито на колото Прилеп на домашен терен го совлада Пролет со 30:22. 
На другите три натпревари победија гостите:
Металург 2 – Металург 19:32,
Борец – Вардар Јуниор 17:33 и
Пелистер – Работнички 16:20.
 
Табела: Металург 9 бодови, Прилеп 9, Работнички 9, Вардар Ј. 6, Пролет 6, Борец 6, Охрид 3, Пелистер 3, Радовиш 3, Металург 2 0.