Кошарка
14. April 2017 - 22:13

Супер лига: Карпош Соколи убедлив против Фени Индустри

Во вториот натпревар од 7.коло од кошаркарската Супер лига освојувачот на Купот на Македонија Карпош Соколи како домаќин ја победи екипата на Фени Индустри со 83:61. На вчера одиграниот дуел шампионот МЗТ Скопје го победи Кожув со 79:75.

Последниот дуел од оваа рунда се игра од 17 часот, во Куманово истоимената екипа е домаќин на Работнички.
Табела: МЗТ Скопје 7-0 (победи-порази), Карпош Соколи 5-2, Работнички 4-2, Кожув 2-5, Фени Индустри 1-6, Куманово 1-5.