Фудбал
20. July 2017 - 12:34

Супер купот празник на спортот но и промоција на Македонија

Денеска на прес конференција во просториите на Град Скопје, градоначалникот Коце Трајановски ги презентираше активностите на градот во пресрет и за време на финалето на Суперкупот помеѓу Реал и Манчестер Ј. што ќе се одигра на 8. август во нашиот главен град. 

„ Горди сме што ваков голем настан каков што немало кај нас ќе се одржи на нашиот најубав стадион Филип Втори. Ние како град ги направивме сите заложби да го искористиме овој настан за промоција на Скопје но и на нашата земја.  Направен е промотивен спот за нашето гостопримство а плус тоа одвоени се 12 милиони денари за поддршка на целокупната програма.  Лично ги поканив и градоначалниците на Мадрид и Манчестер да бидат мои гости“ - истакна таткото на нашиот главен град. 
На прес конференцијата како претставник на ФФМ присустуваше и портпаролот Златко Андоновски кој ја презентираше Трофеј турата со највредните фудбалски пехари од ЛШ, Лига Европа и супер купот која ќе посети 9 града Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.каде ќе биде изложена и на градскиот плоштад. 

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со трофеите и да го тестираат своето фудбалско знаење со учество во различни игри и на тој начин да освојат и симболични награди-истакна Андоновски. 

 

Зоран Николовски