СУПЕР КНИГА

Анимираната серија “Супер книга” децата ќе ги научи на многу важни животни поуки. Понекогаш го губиме нашиот правец, но секогаш има пат да не врати некаде назад. Крис, кој сака видео игри и свири гитара, Џои која сака фудбал и атлетика и малиот робот Гизмо, одеднаш ќе поминат преку еден таинствен портал кои ги носи назад низ вековите каде среќаваат луѓе и места од библиските времиња.

Патувањето на новите херои започнува преку најдобрата книга некогаш напишана, Библијата. Преку запознавањето на минатото, новите јунаци, но и децата пред екраните ќе научат да веруваат без разлика што и да се случува околу нас, ќе научат да се покајат и да простат, да не повредат никого, да не лажат и крадат, да веруваат во Бога и неговите начела, да даваат, а не само да сакаат да добиваат.

“Супер книга” е американска верзија на инаку популарна јапонска серија од 90-тите која собирала околу 8 милиони гледачи секојдневно. Овојпат, гледачите на Сител ќе уживаат со новите, римејкувани библиски приказни од стариот и новиот Завет во наредните неколку месеци.