Loading Video...
Фудбал
19. September 2018 - 9:49

Супер интересен почеток на Лигата на шампионите

Супер интересен старт имаше новата сезона во елитната фудбалска Лига на шампиони. Двата дерби дуели од воведното коло беа решени со голови во сидиското дополнение.

Првото овосезонско дерби кое се одигра на „Енфилд“ го доби минатогодишниот финалист Ливерпул кој во дуелот со ПСЖ иако имаше предност од 2-0, до победата стигна во 92.минута со голот на Фирмињо .

Речиси иста завршница како и во Ливерпул, се случи и во Милано, каде Тотенхем имаше предност над Интер од 1-0 се до 85.минута, кога Икарди го израмни резултатот, а во третата минута од судиското дополнение, Весино и му донесе победа на Интер.

Четири гола беа постигнати и на „Камп Ноу“ каде Барселона со 4-0 го победи Ајакс, а Лионел Меси беше стрелец на три гола.

Гостински триумф остварија Атлетико Мадрид кој со 2-1 славеше кај Монако, и Борусија Дортмунд кај Клуб Бриж со 1-0

Единствениот меч на кој немаше голови беше оној во Белград, меѓу Црвена Звезда и Наполи.

На останатите натпревари, Шалке и Порто одиграа без победник 1-1, а Галатасарај со 3-0 ја победи екипата на Локомотив Москва.

 

Денеска се играат нови осум натпревари:

 
Е група:
АЈАКС – АЕК    18:55 часот 
БЕНФИКА –БАЕРН МИНХЕН    21 часот
 
Ф група: 
ШАХТЈОР – ХОФЕНХАЈМ     18:55  часот
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЛИОН       21 часот
 
Г група
ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН – ЦСКА МОСКВА 
РЕАЛ МАДРИД – РОМА    21 часот 
 
Х група 
ВАЛЕНСИЈА – ЈУВЕНТУС
ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД    21 часот