Loading Video...
Фудбал
23. October 2019 - 11:47

Супер ефикасни дуели во ЛШ постигнати 30 голови

Фаворитите нема проблеми да стигнат до три бода, на синоќешните средби од 3.коло во ЛШ, на кои беа постигнати дури 30 голови на осумте одиграни натпревари. Килијан Мбапе беше стрелец на три од петте голови на  ПСЖ на гостувањето  кај Бриж, а Икарди придодаде два. Исто беше и на дуелот меѓу Манчестер Сити и Аталанта (5-1) на кој Рахим Стерилнг оствари хет-трик, а  Агуеро беше стрелец на другите два гола. По два гола синоќа постигнаа уште  четворица фудбалери. Дибала во триумфот  на Јувентус и тос сл пресврт над Локомотив Москва со 2-1,  Левандовски чиј Баерн го победи Олимпијакос во Атина до 3-2, кајо и Хари  Кин и Сон кои беа стрелци на четири од петте голови за Тотенхем во триумфот над Црвена Звезда со 5-0. Мадридските екипи Атлетико и Реал забележаа минимални победи со 1-0 и тоа "јорганџиите" над Баер Леверкузен, додека "кралевите" во Истанбул го довладаа Галатасарај. Единствениот дуел кој заврши без победник 2-2 го одиграа Шахтјор и Динамо Загреб.