Живот
30. September 2016 - 10:56

Супер бабичка: Има речиси 100 години а крева тегови без мака

Годините се само број, а судејќи по тоа колку крена оваа 95-годишна жена изгледа дека ова правило важи и за тежината.

Силата изгледа не е само ексклузивно право на младите. Оваа бабичка без некој видлив напор подигна 50 килограми. Потфатот за многумина е незамислив.

Заклучокот се наметнува само - што и да посакате да постигнете во животот, не се откажувајте. Никогаш не е касно, а кој знае можеби и ќе ви се посреќи.