Македонија
24. November 2021 - 16:58

Сулејмани од Прешево ја спасил вереницата и уште 5 сопатници од автобусот кој бил во пламен

26 годишниот Љујзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеница 25 годишната Медина Љутфи од Сопот од болницата во Софија сведочат за пеколната нок на автопатот Струма. Младиот пар седел на претпоследните места во автобусот, а Љујзим бил буден во моментот на несреката. Не ја изгубил присебноста и покрај ужасот кој му се одвивал пред очите. Се извлекол себеси и свршеницата од автобусот.

И неговата девојка Медина  од болничкиот кревет посведочи за ужасните мигови од несреќата.

Во клиничкиот центар во Бугарија се хоспитализирани седум патници од македонскиот автобус кои успеале да ја преживеат сообракајката, во која животите ги загубија 45 луѓе.