Македонија
23. April 2019 - 22:31

Сулејман Реџепи:Исламската заедница огорчена од скандалот

Ријасетот на Исламската верска заедница ја заврши седницата што ја одржа вечерва во Кондово. Актуелниот поглавар на ИВЗ реиз ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи по завршување на седницата рече дека исламската заедница е силно огорчена од овој скандал кој, како што оцени, не е случен ад хок.

-Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и незаборавено, рече Реџепи и додаде дека тој го лоцира проблемот во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, односно нејзините раководни лица.

-Нема да го признаеме никогаш директорот на Комисијата Дарјан Сотировски, кој е учесник во ова. Цело време ме замолуваа да го прифатам дека ќе биде добар, бидејќи за да биде на оваа функција треба да биде прифатен од сите, но такви не се грижат за исламот. Бараме да си замине и неговиот заменик Албанец, кој нема глас и е слеп, нема сенс, рече Реџепи.

Праша зошто им се овозможува на другите верски заедници тивко и спокојно да работат, да имаат солидни околности и зашто Владата и државните органи се насочени против исламската верска заедница.

-Немам тендери да поделам. За цел свет сум носител на мир и спокојство, на соживот и толеранција само овде демонстрирам сила, посочи поглаварот на ИВЗ, додавајќи дека не сакаат власт и политика која, како што рече, прави зулум во народот.

Порача дека нема да ги злоупотребат и дека тој лично не може да се злоупотребува.

Зборувам во име на 13 муфтивства во земјава, ние сме во секоја педа на секоја земја сме пристунтни и во име на сите едногласно беа заклучоците усвоени дека ваква власт, која се занимава со ујдурми, која шири анархија не ни треба и заради тоа пренесувам и изјавувам дека ние ова не го сакаме, ниту го заслуживме, оти сме биле и остануваме како примерна зедница, изјави по завршување на вонредната седница на Ријасетот на Исламската верска заедница.

-Нека се освестат муслуманскиот блок ги предупредувам ако не не застапуваат како муслимани и Албанец јас не сакам очите да му ги видам. Мојот идентите е и со душа и со срце и со национална припадност. Сега имаат прилика да го дигнат гласот сите добронамерни со цел да се создаде хармонија една тивка атмосфера во која навистина да работиме, да градиме заедно и да напредуваме, а не луѓето да бегаат. Македонија секој ден се празни, луѓето не гледаат перспектива, посочи тој.

Според него политиката е таа која засадува омраза меѓу верските заедници.

Порача дека чашата ќе се прелее доколку се посегне по Али пашината џамија.

Одговорајќи на новинарско прашање посочи дека Скендер Буџаку е отпадник од Исламската верска заедница, дури и од исламската заедница, а за судската одлука ја оцени дека судот се впуштил во една невидена авантура.