Сулејман Реџепи: Македонскиот народ е див, затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат
Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот фејсбук-профил Реџепи го постави видеото пред два дена пишува mkd.mk.
Тој во својот говор зборува за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.
Во последно време со своите јавни настапи и постапки во ИВЗ реисот Реџепи како верски поглавар многу повеќе провоцира и предизвикува поделби.
Помала група на албански интелектуалци реагираат на ваквите негови постапки, но засега нема никакви реакции од партиите на Албанците во Македонија, а очигледно е дека сега треба да реагираат државните органи за ширење етничка омраза.
Ново на Сител
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите