Бизнис
4. October 2017 - 20:49

Сугарески: Приоритет е завршување на автопатот Кичево-Охрид, а не колку ќе чини

Се преговара за нов рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево Охрид. Како што информира министерот Сугарески  допрва ќе се утврдуваат дополнителните трошоци поради пробивањето на рокот. Првично автопатот требаше да биде готов до крајот на јануари следната година. Новиот рок ќе се знае откако ќе биде потпишан анексот на договорот со кинеската фирма.

Вчера Владата и кинеската Синохондро потпишаа анекс со кој се договорија автопатот Миладиновци Штип да биде готов за една година. Надлежните информиаа дека нема да се плаќаат дополнителни пенали поради пробивањето на првичниот рок.

Изградбата на автопатот Кичево Охрид почна во мај 2014.Според сегашниот договор вредноста на проектот изнесува 374 милиони евра. Додека пак автопатот Миладиновци Штип ја чини државата 206 милиони евра.