Македонија
27. September 2017 - 14:31

Сугарески - Орјан: Разгледана можноста за воспоставување авиолинија Скопје - Тел Авив

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Скопје со израелскиот амбасадор Дан Орјан разговарал за можноста за воспоставување директна авионска линија Скопје - Тел Авив. 
 
На средбата министерот Сугарески го информирал амбасадорот за сите потребни процедури и услови за воспоставување на ваква авио линија.  
 
Министерот Сугарески, како што соопшти ресорното Министерство, го запознал амбасадорот на Израел и со инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија, како и со реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период, а се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.
 
Двајцата соговорници се согласиле да се интензивира понатамошната соработка и да се подобруваат економските односи меѓу Македонија и Израел. б