Сугарески на средба со Галовеј: Во тек е силен инвестициски циклус во инфраструктурата
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со британската амбасадорка во Македонија Рејчел Галовеј, при што ја информирал за инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава, како и реформските закони што се спроведуваат во насока на усогласување со европската регулатива.
На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот информираше дека во тек е силен инвестициски циклус во инфраструктурата и ја отвори можноста за соработка со компании од Велика Британија.
– Разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Велика Британија ќе пројават интерес на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на капиталните проекти во земјата, изјави министерот Сугарески.
Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија и ја дава на Република Македонија, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата