Сугарески: Ќе се потпишуваат два анекса за автопатот Кичево-Охрид
На кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе предложиме два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид. Првиот ќе биде за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
- За дополнителната сума се уште се прегвара и затоа најверојатно ќе се оди со два анекса на договор. Првиот ќе биде само со продолжување на рокот и најверојатно ќе се потпише до 31 јануари следната година кога истекува рокот за изградба на автопатот, а потоа ќе следи анексот за дополнителната сума, рече Сугарески, одоговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности. Доколку беа готови пресметките,додаде, ќе одевме само со еден анекс и за рокот и за сумата.
Тој истакна дека не е точно оти джавата им должи пари на компаниите кои работат на автопатот. - Можно е фирмите да им должат на работниците, но не и државата на фирмите, прецизира Сугарески.
За изградбата на патот кон Албанија посочи дека се додека не се оцени дека е во ред проектната документација нема да се кажуваат рокови.
- Без добра проектна документација само ќе потпишуваме анекси на договори за изградба на патиштата. Затоа не сакам да конкретизирам датум кога ќе почне изгрдбата на овој пат и на патот кон Блаце, потенцира Сугарески.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок