Сугарески: Капиталните инвестиции одлично се реализираат
Капиталните инвестиции одлично се реализираат, рече министерот Горан Сугарески денеска во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање околу реализацијата на капиталните инвестиции.
– Претходната власт капиталните инвестиции ги темелеше на жални врби, згради по 40-50 милиони евра. Сега зборуваме за капитални проекти со личен бенефит на граѓаните. Кога се граделе споменици, го немало за реконструкција на пример овој пат кој сега започна да се реконструира од Кавадарци кон Росоман. Триесет, четириесет години не се реконструирани овие патишта. На сите гранични премини сега се работи. Од Делчево до граничен премин сега патот е писта направен. Во делот на комуналната инфраструктура, во делот на гасификација, железници, патната инфрастуктура која не е во централниот буџет, капиталните инвестиции одлично тераат, изјави Сугарески.
Посочи дека треба да се почекаат следните 25 дена за да се видат конкретните бројки во ресорот транспорт, бидејќи првиот квартал, јануари и февруари не е градежна сезона.
– Ви кажувам дека ќе бидат одлични и со најава за тоа дека уште подобри ќе бидат во третиот и четвртиот квартал. Луѓе кои го преќутија периодот на режим и на жални врби и споменици, сега се главни критичари. Критиката е добра работа, ние ја слушаме. И ќе проидолжиме натаму. Силно сме посветени во делот на патната инфраструктура, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструкура, нагласи министерот.
Во Министерството, додаде, во овие година ипол две, има проекти во реализација преку 20 милиони, само во водоводи и каналиации кои во изминатите 20-30 години не беа чепнати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација