Бизнис
19. July 2019 - 19:42

Сугарески: Инфраструктурното поврзување кон Бугарија ќе се забрза

Ќе забрза поврзувањето со Бугарија. Се интензивираат активностите за изгравба и на патиштата но и на железницата по должибата на Коридорот 8. Сугарески најавува дек до крајот на годината ќе има напредок во изгрдбата на пругата кон Бугарија за која со децении само се зборува.

„ Во делот на железницата  пругата од Куманово до Бељаковце треба да биде завршена до крај на оваа година или почеток на следната година, кога паралелно ќе почне изградбата и на втората делница,  од Бељаковце до Крива Паланка. Исто така, се бара начин за обезбедување на средства за делот од Крива Паланка до бугарска граница“, рече Сугарески.

Паралелно, во тек е реконструкција на патот од Куманово до Крива Паланка, а се гради и експресниот пат. Само во овој регион се работи на 120 километри патишта. Во изгрдба на инфратсруктура низ цела држава се инвестираат милијарда евра. 

„Моментно се работи на 300 до 350. Другите почнуват овој месец и мислам дека се што ветивме ќе реализираме. Дополнително есенва ќе има тендери за уште 200 километри, на кои ќе се работи кога ќе дозволат временските услови, но се планира интензивирање напролет и завршување во мај или јуни следната година“, вели Китанов.

Изгрдбата на инфраструктурата и гасификацијата треба да бидат клучни за парите предвидени за капитални проекти да се трошат побрзо. Кај патиштата растот годинава изнесува 34%, а за гасификација е потрошена близу половина од предвидената сума. Заклучно со мај потрошени се скромни 13.7% од предвидените пари, сите се отпимисти дека во третиот и четвртиот квартал ќе бидат достигнати проекциите.