Бизнис
9. January 2020 - 11:28

Сугарески: Годинава ќе се градат 450 километри локални патишта

Министерството за транспорт ја оценува 2019 како успешна затоа што реализацијата на капиталните проекти во секторот изнесува 86%.

Според министерот Сугарески реализацијата во изградбата на гасоводот изнесува 94%, кај железницата 82%, кај социјалните станови 100%.

Годинава повеќе ќе работиме без разлика на изборите, вели Сугарески.

Најзначаен проект годинава ќе биде изградбата на локални патишта во должина од 450 км во 80 општини. Владата ќе помага на сите општини, а пари се обезбедени од Светска банка во висина од 70 милиони евра. Општините ќе добиваат од 500.000 до 2 милиони евра. Сугарески апелира до градоначалниците побрзо да ги достават проектите за патиштата за да можат да ги добијат парите.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова