Бизнис
13. August 2018 - 19:37

Сугарески: Евтини летови ќе има и во иднина, Виз Ер од есен нема да лета за Барселона и Лондон

Евтини летови од и кон Македонија ќе има и во иднина. Министерствто за транспрт и врски најавува дека наскоро ќе има нов тендер за избор на авиокомпанија која ќе нуди евтини летови. Новиот тендер најверојатно ќе биде со скратени рокови за што побрзо да се избере превозник.

Претходниот тендер пропадна затоа што единствената компанија која конкурираше, Виз ер, немала комплетна документација. Во меѓувреме, компанијата укина и три линии почнувајќи од оваа есен. Имено, Виз ер од 26 октормви нема да лета на релација Скопје  Барселона, а од 24 и од Охрид кон  Лондон. Од 16 септември пак се укинува и линијата кон Ваксјо, Шведска.

Компнијата попладнево соопшти дека овие летови во иднина ќе бидат функционални само во лето.

- Wizz Air постојано ги следи перформансите на своите рути за да овозможи најпопуларните дестинации да имаат најниски цени. Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона како и од Охрид до Лондон Лутон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија, соопшти нискобуџетната авиокомпанија.