Бизнис
7. February 2020 - 12:14

Сугарески: Досега девет милиони денари штета од блокадата на железницата, нема да трпиме уцени

Штетата од блокадата на железничкиот сообраќај, што трае веќе четврти ден,  досега изнесува девет милиони денари, а другите држави сериозно размислуваат да го пренасочат сообраќајот преку Бугарија, со што ќе има уште поголеми штети и последици, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
 
Тој ги повика машиновозачите да се вразумат, да не се однесуваат нерационално и да продолжат да возат, истакнувајќи дека Владата нема да трпи уцени затоа што, истакна, помогнала и на работниците и на железницата, платите се исплаќаат, меѓу останатото  е исплатена плата и половина заостаната од времето на ВМРО-ДПМНЕ, зголемени се коефицинетите, укинати се дел од антикризните мерки, …. Повтори дека штрајкот е незаконски и нагласи дека директорите во железницата можат да покренат постапки и оти државата, граѓаните и другите вработени во Железницата не може да бидат заложници на машиновозачите.
 
– Секогаш сум отворен за средба, но тоа да биде на разумно ниво, работата мора да оди, може да преговараме и за колективни договори и за систематизации и за промена на закони, но не со уцени. Тоа е она за што се известени, а не да ги повикаме. Не е ова пазар каде може да се пазариме за овој или оној коефициент, посочи Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање дали по последната средба што ја имаше во понеделникот со машиновозачите ќе ги повика повторно на рагзовори.
 
Се што имал им кажал на средбата, а неговата изјава дека ќе бидат повторно повикани, како што вели, е погрешно интерпретирана.
 
– Тие беа на средба заедно со директорот, со Управниот одбор и претставнциите на синдикатите. Јас упатив апел за да продолжат да работат за да не се прави штета штета ниту на претпријатието, ниту на државата и граѓаните. Од кога е дојдена оваа Влада сите барања што беа и од работниците и помагањето на компанијата е многу големо. Големо е учеството од Владата во делот на помагањето и на фирмата и на синдикатите, зголемени кеофициенти, укинати дел антикризни мерки, зголемени плати, повторно зголемување на коефициентот за квалитет на рабта од 20 на 30 проценти, значи се, рече Сугарески.
 
Машиновозачите, како што дополни, имаат сериозни примања, многу поголеми од тие на голем дел од државата, така што не гледам причина. – Платите се исплатени,  исплатена е заостаната плата и половина од времето на ВМРО-ДПМНЕ, декемвриската плата е е исплатена. Останува да се вразумат, да не се однесуваат  нерационално и да продолжат да возат, штетата  што е направена досега е девет милиони денари. Другите држави сериозно размислуваат да го пренасочат сообраќајот преку Бугарија и уште поголеми штети и последици. Се што е побарано е исполнето, потенцира Сугарески.
 
Како што наведе, таму има седум синдикати и неможе тие што го блокираат сообраќајот да држат како зложници над 2 000 вработени, а кои не ги поддржуваат.
 
– Ниту државата смее да биде заложник, ниту граѓаните ниту  вработените. Ги повикав да продолжат со работа, а за сите други работи, затоа реков можеби има малку погрешна интерпретација на мојата изјава, сум подготвен како претставник на СДСМ која што помага на работниците за социјалните права, да преговараме и во делот на систематизацијата и колективните договори, итн.,но не по ниту една уцена. Оваа Влада нема да трпи уцена затоа што помогнала по сите основи и на работниците и на фирмата таму, нагласи министерот за транспорт.
 
Бојкотот на машиновозозачите, што почна пред четири дена, ги блокираше патничкиот и товарниот сообраќај во државата. Како и Сугарески, и раководството на компанијата го оцени штрајкот како незконски, и информираше дека нема финансиски можности да се исполни поставеното барање, но оти  редовно се исплаќаат платите и останатите обврски кон вработените.
 
Претставници на машиновозачите на почетокот на блокадата изјавија дека ја бојкотираат работата и оти  зад нив не стои ниту еден синдикат, туку дека нивната одлука е индивидуална.