Бизнис
19. јуни 2018 - 14:16

Сугарески: До крајот на месецов тендер за нискобуџетски авиокомпании

До крајот на месецов се очекува да биде распишан тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром. 

- Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром, истакна Сугарески. 

Тој не сакаше да открие повеќе детали околу критериумите во тендерот, но се очекува да бидат направени подобрувања на моделот за субвенционирање. 

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.