Бизнис
12. September 2018 - 19:44

Сугарески: 95% реализација на капиталните инвестиции до крајот на 2018

Реализацијата на капиталните проекти до крајот на годината ќе биде над 95 проценти, иако во август беше 63,25 отсто, очекува министерот за транспорт Сугарески.

Изградбата на гасоводот низ Водно е најголем проблем во реализацијата на капиталните проекти. Застојот поради протестите на еколошките здруженија доведе до тоа, реализацијата на овој проект да биде само 8,6 отсто.

Сугарески информира дека 70. милиони евра од Светска банка за локални патишта ќе почнат да се користат од следната година. Се надева дека со овие пари ќе се реконструираат над 1000 километри локални патишта. Според проценките на Министерството, најоштетени патишта има во источна Македонија. Освен овие средства, Министерството со 170 милиони евра ќе им помага на општините во реализација на комунални проекти.