Македонија
3. April 2017 - 16:23

Судското рочиште за „Поткуп“ против Зоран Заев одложено за 4. мај

Одложено судењето за случајот поткуп во кој е обвинет лидерот на СДСМ Зоран Заев. Воведното  излагање за случајот е закажано за 4 мај. 

Адвокатите на Заев обвинија дека не добиле копии од  доказите за да можат да ја состават одбраната.

Заев обвини дека обвинителството незаконски ги прибавиле посебните истражни мерки.

Зоран Заев како градоначалник на Општина струмица е  обвинет за барање поткуп од струмички бизнисмен кој сакал да приватизира  градежно земјиште.