Македонија
25. February 2016 - 16:06

Судскиот процес за Диво насеље продолжи со четири нови сведочења

Со исказ на тројца сведоци утрово продолжи судскиот процес за Диво насеље. Пред судскиот совет, сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи тврдеше дека на 9-мај во 5 часот утрото полицијата влегла во нивниот дом барајќи злато и дрога.

Според претходниот исказ на нејзината ќерка пак, полицијата го барала обвинетиот Фејзулау, кој тоа утро не бил дома.

Обвинителство го товари за директно учество во  нападите и помагање на вооружената група, додека адвокатите тврдат дека денешните сведочења само ги потвдиле сомневањата за бруталноста на полицијата.

Како неосновани, обвинителство ги отфрли и тврдењата на обвинетите дека двајца припадници на вооружената група биле убиени во полициска станица откако се предале, а не во текот на престрелката.

„Неблагодарно е да се шпекулира со работи кои се навистина осетливи, ако одбраната ги прочита добро наводите од обдукцијата точно е наведено колку рани, каде се раните, како се облечени, како се однесени“, изјави НаумПановски.

„Немало потреба тие да бидат ликвидирани, значи оние не биле само тие главните, одбраната и обвинетите можат по закон да кажат што сакаат но доказите се поинакви“, изјави Вилма Рускоска.

Во вооружената престрелка од 9-ти и 10-ти мај минатата година, живото го загубија 8-мина припадници на македонските безбедносни сили, повеќе од 40 без тешко повредени, а загинаа и 10 членови на вооружената група. 29-мината обвинети се товарат за тероризам и терористичка организација, за што им се заканува казна од 8 години до доживотен затвор. Судскиот процес продолжува на 2-ти март, кога ќе бидат сослушани нови сведоци на обвинителство.