Судски спор околу авторски права на мајмун
Американскиот фотограф Дејвид Слејтер пред шест години отпатувал во Индонезија, каде за неколку дена направил серија фотографии со мајмуните макаки.
Но, еден од мајмуните по име Наруто, играјќи со еден од неговите апарти направил свое „слефи“, од која фотографија Слејтер заработил многу пари.
Меѓутоа, еден ден Слејтер ја видел оваа фотграфија на неколку интернет страници, вклучително и на Википедија, иако не дал дозвола за нејзино користење.
Тој решил да ги тужи интернет страниците, но од нивните адвокати добил одговор дека нема право на надомест затоа што автор на фотографијата не е тој, туку мајмунот.
За работата да стане побизарна, во целиот случај се вклучила и Меѓунароната организација за заштита на правата на животните ПЕТА, која поднела тужба против Слејтер во име на мајмунот Наруто. Според ПЕТА, Наруто треба да добие авторски права на фотографијата и парите од нејзиното објавување треба да бидат наменети за подобрување на неговиот и на животот на неговата заедница.
Слејтер го добил спорот на Суд, но ПЕТА поднела жалба и целата постапка е вратена од почеток. Од тогаш судскиот спор се „влече“ по судови, бидејчи ПЕТА досега девет пати ги обжакувала пресудите во полза на Слејтер.
Овие процеси финансиски го исцедиле Слејтер, па тој сега практично е доведен на питачки стап и бидејќи не е во можност да ја обнови својата фотографска опрема, размислува да ја промени професијата и од фотограф да стане тренер по тенис.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација