Македонија
29. May 2023 - 16:33

Судски совет: Сомнежите на холандскиот амбасадор се неосновани

Судскиот совет не се согласува со ставот на холандскиот амбасадор дека е нелегитимен изборот на нов претседател.

Изјавата на Дирк Јан Коп ги седна на состанок членовите на советот откако тој најави замрзнување на проект, но според судски, разрешувањето на Дамева и именувањето на Георгиев биле законски. Изјавата на амбасадорот, велат е неоснована.

„Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет. Ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосноавани тврдењата на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во нелегитимна процедура и затоа се става во мирување 4 годишниот проект финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на СС е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во законот“, се вели во соопштението на Судски совет. 

Членовите на судски се оградија од обвинувањата за корупција. Тоа можеле да го проверат надлежни институции, а носењето на нивните одллуки, велат се под лупа на Врховниот суд.

„Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, воедно потсетува дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите прелу жалбен совет“.

Близу 1 милион евра е вредноста на проектот кој го замрзна холандската амабасада. Преку него судски три години ја подобрувал својата ефикасност, отчетност и транспарентност, а такви активности биле предвидени за уште една година. Веќе биле откажани две конференции, а нема да се одржи ниту стручната програма во Холандија на која требаше да патуваат неколку членови на советот.

Превирањата во судски го стопираа процесот, а случувањата според амбасадорот Јан Коп, се болни за гледање.

Неколку месеци Судски е во фокусот на јавноста. Црвенковска поднесе оставка заради притисоци од „судска-бизнис“ елита, а Дамева, двапати ја разрешија колегите пред Георгиев да го изберат за претседател.