Македонија
10. September 2018 - 19:46

Судски рочишта за 4 случаи на СЈО

Со прегледување на снимката од надзорна расправа на собраниската комисија за транспорт и врски продолжи судската расправа за предметот ТНТ на специјалното јавно обвинителство. На комисијата од октомври 2011-та година се гледа разговорот меѓу тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски и сопственикот на „Космос“, Фијат Цаноски. Според снимката, двајцата разговаараат за меѓусебните средби на кои се разговарало за изградениот станбен комплекс.

Според Цаноски, изнесените докази укажувале дека уривањето на Космос е политички монтиран случај.

За тогашниот градоначалник пак сите документи укажувале дека Цаноски има низа неправилности во изградбата на објектот. Според Трајковски, сите претходни пресуди биле во корист на општинските служби па очекува дека и овој судски предмет ќе има идентична разрешница.

Во предметот ТНТ, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, тогашниот градоначалник на Гази Баба и четворица општински службеници. Според обвинението на СЈО, уривањето на „Космос“ е кривично дело од политичка омраза.