Балкан
6. September 2017 - 16:00

Судски процес за обидот за преврат во Црна Гора

Во Црна Гора започнува судскиот процес против 14 осомничени за заговор и обид за државен преврат.

Осомничените делото го сториле во октомври 2016 година со цел да спречат присоединување на Црна Гора кон НАТО алијансата.

Процесот започна со читање на обвинителниот акт според кој осомничените се товарат за злосторничко здружување со намера да го поткопаат уставниот поредок на државата.

Русите, кои според зборовите на обвинителот се агенти на тајните служби на Кремљ се дополнително обвинети и за тероризам. Тие се на слобода и ќе им се суди во отсуство.

Обвинителниот акт тврди дека групата планирала да го окупира црногорскиот Парламент на 16 октомви, на денот на изборите во Црна Гора, да го убие тогашниот премиер Мило Џукановиќ и да осигура преземање на власта од проруско и „против-НАТО“ раководство.

Црна Гора стана член на НАТО во јуни и покрај силното противење на Русија.