Македонија
7. September 2018 - 16:15

Судски процес за насилството во собранието на 27. април - сведоци Тодоров, Заев и Спасовски

Ништо не наговестуваше дека на 27 април 2017-та година ќе има насилство во Собранието, изјави пред судот сведокот Никола Тодоров, тогашен пратеник на ВМРО-ДПМНе.. Тој во својот исказ објасни дека во пленарната сала каде се одвивала постапката за избор на претседател никој од присутните пратеници не се однесувал насилно.. Веднаш по изборот пратениците од СДСМ и ДУИ ја напуштиле салата Македонија а Тој се упатил кон кабинетот на тогашниот претеседател на собранието Трајко Вељановски.. Таму ја слушнал топлата дека е влезена во законодавниот дом.. Судијката Добрила Кацарска, го прашуваше Тодоров за начинот на обезбедување на влезните врати во собранието и можноста за нивно отворање.. За одбраната ова е недозволиво, смета дека таквите прашања не се однесувале на претходно дадениот исказ на сведокот..

Во своето сведочење, Тодоров објаснуваше дека изборот на собраниски претседател бил направен на мал простор од планарната сала а гласањето не се одвивало преку електронскиот систем.. Додаде дека изборот бил направен откако претседавачот со седницата ја заклучил расправата за тој ден од продолежението од седницата.. Тодоров објасни дека откако толпата влегла во собранието, добил телефонски повик од Радмила Шеќеринска која му кажала дека се наоѓа во прес салата и неопходна е итна медицинска помош а се сомневала дека еден од пратениците е мртов.. Освен со Шеќеринска, Тодоров пред судот изјави дека телефонски разговарал и со тогашниот директор на БЈБ, Чавков од кого барал полициска интервенција за извлекување на повредените..

Сведокот Никола Тодоров додаде оти неколку пати се обидувал да влезе во собранискиот прес центар но во тоа го спречувало обезбедувањето..