Бизнис
5. November 2019 - 19:18

Судската администрација незадоволна од покачувањето на надоместокот на плата

Судската администрација  идната недела  на протест , ако не добијат  еднакви додатоци на платите  како  судиите.  Со последната одлука на судскиот буџетски совет,  додатоците на судиите за септември и октомври се зголемени за 10,  а на судската администрација за 5 отсто . За синдикатот на судските службеници одлуката  е неправедна и ако не се изедначат додатоците размислуваат  за блокада на работата на судовите. 

Од судскиот совет вела дека додатоците на судиите се зголемени за 10 отсто затоа што судските службеници со одлуката во септември  за раст на платите во администрацијата добиле 5 отсто покачување.

 Судскиот буџетски совет на ден 1.11.2019 година донесе Одлука за висината на додатоците на плата за месец Октомври за судиите во висина од 10%, а за судските службеници во висина од 5%, од причини што на судските службеници со изменување и дополнување на законските прописи од месец Септември 2019 година им се покачи платата од 5% и со додатокот на плата од 5% за месец Октомври 2019 година, вкупниот износ е зголемен за 10%., се вели во дописот од советот.

Од синдикатот  бараат да им се исплатат и парите од 2016 година за периодот  додека протестирале. Станува збор за 40 отсто од платите за јуни и јули.

Очекуваат до крајот на годинава да се потпише и колективниот договор со кој  веќе од следната  година ќе може да добиваат и К-15.

Инаку  извори за Сител велат дека  владата утре треба да одлучи и за  просветните работници дали ќе добијат покачување на платите поголемо  од 10 отсто и истото наместо од април да важи од први јануари.  Од СОНК  веќе неколку пати имаат средби  со надлежните кои зваршија без договоро. Ако не бидат  исполнети нивните барањата од понеделник и тие   одат на генерален штрајк - со целосен прекин на наставата.