Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на Груевски
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска е на рочиште во Судот Будимпешта, каде се одлучува за барањето поднесено од Министерството за правда на Република Северна Македонија за негова екстрадиција.
Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. Дел од медиумите во Унгарија објавија дека Грувески утринава бил уапсен за одлучување по барањето за екстрација, а при доаѓањето во судот тој одел со рацете покрини со палто, следен од две лица.
Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.
Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.
Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и за овој предмет.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште