Судот во Москва го продолжи притворот на украинските морнари
Судот во Москва денеска ја потврди одлуката за продолжување на притворот до 25 август на украинските морнари, уапсени во ноември минатата година поради поминување низ Керченскиот Проток.
Одбраната на 24-те уапсени морнари инсистира дека тие треба да се третираат како воени заробеници.
Инцидентот се случи на 25 ноември кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржале украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.
Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.
Москва, меѓутоа, смета дека нејзините сили дејствувале во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата