Loading Video...
Свет
23. April 2018 - 18:54

Судот во Лондон одобри Тодоровиќ да биде испорачан на Хрватска

Судот во Лондон одобри Ивица Тодоровиќ да и биде испорачан на Хрватска. Хрватскиот портал Индекс  потенцира дека нема веднаш да дојде до екстрадиција,бидејќи Тодоровиќ има право на жалба а целата таа постапка  би можела да трае и подолго од шест месеци . Загреб го терети основачот на  хрватска компанија за производството и дистрибуција на храна и пијалоци  Агрокор  за финансиски малверзации.  Тодоровиќ беше упасен во Лондон на 7 ноември лани на основа европски налог за апсење кој го распиша Хрватска, но истито ден беше ослободен со кауција од 100 000 фунти.