Македонија
25. September 2018 - 16:08

Судот тврди дека се почитуваат човековите права во случајот „27 април“

Рочиштата за 27 април се во согласност со конвенцијата на европскиот суд за човекови права, смета судиката Добрила Кацарска.

Обвинувањата за предолго траење на расправите, таа ги образложи со економичност на постапката и правата на правично и судење во разумен рок.. Според Кацарска, и прашањата на обвинетите и одбраната ги одолговлекувале рочиштата.

За обвинителката Вилма Рускоска, судењата можеби се чинело дека траат предолго ама предметот бил обемен со многу докази..

Последната судска расправа за предметот 27 април траеше над 13 часа.. Забелешки за долгите судски расправи првин имаа од Коалицијата сите за правично судење а потоа и одбраната.. Сметаат дека таквиот начин на водење на рочиштата не дозволуваат адвокатите и обвинетите да подготват соодветна одбрана.

На минатото маратонско рочиште, сведочеа шестмина. Еден од сведоците шест часа одговараше на прашања од обвинителството и одбраната.. На денешното рочиште се сослушуваат четворица сведоци.

Вработениот во МВР, Ацо Ангелковски кој пукаше во таванот на собранискиот прес центар рече дека тоа го сторил откако слушнал наредба дека пратениците треба да се убијат.. Ангелковски пред судот рече дека во салата имало полицајци ама тие постапувале пасивно и додаде дека тоа најверојатно било поради нивното неискуство..

Рочиштето за 27 април продолжува идната недела.