Македонија
18. April 2019 - 16:15

Судот Скопје 2 тврди не донел одлука за отштета за 1ТВ, но не прецизира по кој член одлучил за времената мерка за обрава на ценовникот

Основниот суд Скопје 2 тврди дека нема донесено одлука со која 1ТВ ќе добие надомест на штета од 100 илјади евра.. Од судот велат дека решението било времена мерка за објавување на ценовникот на телевизијата на интернет страницата на ДИК..

„Станува збор за времена мерка со кое Решение за времена мерка се наложува објавување на ценовник на веб страната на Државната изборна комисија. Потенцираме дека судот со Решението не досудува оштета, ниту пак од содржината на истото не произлегува дека е досудена штета на 1ТВ. Дали телевизијата може да добие 100.000 евра или не, тоа може да биде предмет на друга постапка водена пред овој суд за времена мерка“, се вели во демантот на Основниот суд Скопје 2.

Во своето решение, судот не појаснува врз основа на кој член од изборниот законик ја донел времената мерка иако според членот 75, медиумите се должни во рок од пет дена да ги достават ценовниците за политички маркетинг.. 

5-те национални телевизии и денеска повторија дека Освновниот суд Скопје 2 нема надлежност да се меша во управни спорови за кои е надлежен управниот суд.

„Во наводниот демант од судот, со ниту една реченица не е објаснето, од каде судот ја црпи ингеренцијата за да се меша во управна постапка, и како може граѓански суд да и наложува на ДИК како да постапува во предмети прецизно уредени со Изборниот законик, и да и наложува на ДИК веднаш да го објави ценовникот на 1тв, иако за тој спор надлежниот управен суд, веќе два пати се произнесе дека ДИК не треба да го објави ценовникот“ се вели во реакцијата на ММА.

На Решението на судот, ДИК веќе испрати жалба до апелациониот суд во која наведува дека (ДИК ниту може ниту смее надвор од законскиот рок да додава или одзема радиодифузер од она што е објавено на ВЕБ страната, туку едноставно преку тоа објавување само констатира кој доставил ценовници во законскиот рок).

Идентичен став имаат и во Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги.. Сметаат дека постапката на Државната изборна комисија била во согласност со изборниот законик и правилата за политички маркетинг..

Инаку 1ТВ доби дозвола за емитување на платена политичка програма иако не достави ценовник за платен политички маркетинг во рокот предвиден со изборниот законик..