Македонија
13. February 2016 - 17:08

Судот се изјасни: Нема основ за одредување мерка притвор како што бара СЈО

Судот одлучи – нема мерка притвор за осуммината осомничени по барањето на Специјалната обвинителка и нејзиниот тим. Рано изутрина, скопска единица по сериозната анализа на аргументите одлучи дека  не постои никаква основа Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска и уште шестмина кои се во предметот  оформен од Катица Јанева, да завршат со притвор. Ослободен е и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, кој бил задолжен еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен.

Според информации на Сител, Титаник на Јанева бил прилично слаб и само врз основа на сомнителни искази на четири лица се инсистирало изрекување на мерка притвор за осуммина и тоа без никакво логично образложение.

Дознаваме дека во ноќните часови кога увиделе дека не ги држат конците во раце, тимот на Јанева збеснал и кулминирале со нападот врз Едмонд Темелко. Единствениот градоначалник Македонец во Албанија бил напаѓан поради тоа што имал македонска партија во соседна држава и постоела опасност да ги повика македонците да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Присутните во судот се чуделе на ваквиот настап на Специјалното јавно обвинителство  со образложение дека и Заев ги повикува граѓаните да гласаат за СДСМ како што и Обама во Америка го бара гласот на народот што всушност е и работа на политичарите.

Правни експерти овој случај го карактеризираат како невиден скандал во македонското правосудство. Прв пат официјален орган во земјата си зема за право да коментира судски одлуки преку фејсбук и да им се заканува што пропуштиле а што не.  Според нив, во историјата ќе остане запишано дека еден правник наместо со правни документи настапува политички со инсинуации и закани наместо со докази.

Но пред ваквата разврска на случајот, вчера утрото со малтретирање и понижување по налог на Јанева и Фетаи, полиција упаднала во домот на Едмонд Темелко. Иако е со здравствени проблеми, неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на децата и жената му ставиле лисици и го спровеле кон Скопје. Дополнителен апсурд е што албански медиуми ликуваа на апсењето на единствениот градоначалник македонец во Албанија. Наспроти нив, овој чин предизвика голем револт кај македонците во земјата но и дијаспоратата. На социјалните мрежи се изнапишаа бројни пораки со револт за ова малтретирање без повод причина и без отпор на осомничениот што укажува на инквизиторско и комунистичко однесување.  За многумина Темелко е е патриот и борец за правата на македонците кој бил понижен пред семејството само зошто не се согласувал со политиката на СДСМ. Дел побараа и остакви од командирот, полициските службеници кои го приведоа како и од обвинителката што го водела случајот. Велат не смее да остане неказнето тоа што му се случи на градоначалникот на Пустец.  Остро реагираше и Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров.

-СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец со три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Албанија. СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Албанија, стои во соопштението на СМК

Според правници, нејасно е дали следниот чекор е наредба од Фатиме Фењтаи, Катица јанева и Зоран заев за апсење на Павле Васкопулос или Стефан Влахов Мицов