Македонија
3. January 2019 - 10:58

Судот му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор. Кривичниот суд му го продолжи притворот на Атанасовски кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков. Тој во моментот е советник за безбедност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.