Судот контра МНР- Избрканите дипломати вратени на работа, обвинуваат за политичка одмазда
Дипломатите кои беа избркани од работа во МНР заради повреда на етичкиот кодекс бидејќи на 27 април биле на протест во Собранието, со судска одлука се вратени на работа. Година и половина откако дисциплинската комисија во Министерството донесе одлука да бидат исфрлени, тие пред судската власт ја докажаа својата невиност, но засега само двајца од нив веќе се на своите стари работни места, додека третиот се уште е на чекање, иако е сигурен дека и тој наскоро ќе биде дел од МНР.
Според сведочењето на еден од овие дипломати, кој засега сака да остане анонимен, целиот процес од самиот почеток бил чиста фарса. Комисијата која ја водела дисциплинската постапка била формирана цели шест месеци по настаните од 27 април, а членовите се поставиле не како колеги, туку како обвинители и судии, донесувајќи одлука да бидат исфрлени од работа поради наводно недостоинствено однесување. Дипломатот признава дека биле во Собранието за време на протестот, но воопшто не учествувале во какво било насилство, не носеле транспаренти, не држеле говори и што е најважно, во тој момент немале работни обврски и на ниту еден начин не ја довеле во опасност репутацијата на МНР. Првостепениот суд ја прифатил оваа аргументација за двајца од дипломатите, додека третиот добил негативен одговор на жалбата.
Сепак подоцна Апелациониот суд донел одлука и во негова корист, но за разлика од другите двајца кои без понатамошни проблеми биле вратени на работа, МНР одлучило да поднесе сопствена жалба на одлуката на Апелација во неговиот случај. Дипломатите веруваат дека на сите во министерството им е јасно дека и кај него не постои никаква вина и дека ова се прави само со цел тој да биде понижуван и малтретиран поради поинаквите политички погледи од оние на актуелните шефови на македонската дипломатија.
МНР секако должи одговор зошто било потребно да се поведе ваква постапка, како судскиот епилог ќе влијае врз репутацијата на министерството и дали некој ќе поднесе одговорност поради целиот случај.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп