Македонија
8. October 2018 - 13:58

Судот го прифати предлогот на Фетаи, на Јанкуловска и забрани да го напушти живеалиштето

Судијката Добрила Кацарска го прифати предлогот на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи за случајот„ Тенк" и на Гордана Јанкулоска и изрече мерка забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалишт.
 
Според оваа одлука како мерка на обезбедување на присуство до правосилност на пресудата, обвинетата Јанкулоска не смее да го напушта Скопје. Претходно за случајот „Тенк“ линк Јанкулоска доби затворска казна од 6 години, а обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи наместо притвор, поради семејни причини односно бебето на Јанкулоска, побара судот да и определи поблага мерка.
 
Јанкулоска не дојде на изрекувањето на одлуката и пресудата за „Тенк“ ја дочека во старата зграда на Кривичниот суд каде трае судењето за случајот „Тврдина Таргет“.