Македонија
21. May 2018 - 16:08

Судот го ослободи Заев во случајот „Поткуп“ - ВМРО ДПМНЕ: Партиското судство го амнестира Заев по втор пат

Премиерот Заев е ослободен за Поткуп.  Судскиот процес заврши онака како што очекуваше Заев. По читањето на пресудата, тој порача дека е среќен што добил ослободителна пресда и ја докажал невиноста во судска постапка.

Побара да биде објавена целата снимка од ПИ мерките за да се види дека не барал поткуп. Заев смета дека Македонија може да биде нормална земја само ако има независно судство и транспарентни постапки каква што била  оваа во која тој беше обвинет.

– Премиерот рече дела ќе го почекаат и правото на жалба на пресудата од страна на Обвинителството.. Очекував пресудата да биде ослободителна бидејќи во доказната постапка ги докажавме сите работи а потоа се случи и преквалификација на обвинението. На трите места каде што е прекината снимката точно ќе се види за што станува збор и како злонамерно било кратењето кога разговараме за цемент, бетон, железо, за плата на работниците... Драго ми е што Судот ја утврди вистината. Се што сум правел во Струмица беше транспарентно и на достап на јавноста. Апелирав бизнисмените да бидат пример за граѓаните и да донираат за изградба на црквата,

Судијата наведе дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на обвинетиот дека го сторил делото и од тие причини донесена е ослободителна пресуда.

За Заев судството е сменето и не е исто од времето на Груевски, кој пред неколку дена ја најави ваквата пресуда за случајот.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека партиското судство на ЗАев го амнестира по втор пат.

За премдметот Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160 000 евра од бизнисменот Иван Николов.